Достапни линкови

Обама и Путин зборувале за Иран, Сирија и за Украина


Претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин за време на трите кратки средби на маргините на Самитот во Пекинг, разговарале за Иран, Сирија и за Украина.
Портпаролката на американскиот Национален совет за безбедност, Бернадет Михен изјави дека Путин и Обама зборувале вкупно околу 15-20 минути. И таа и руските официјални лица потврдија дека на средбите се разговарало за Иран, Сирија и за Украина, но никој не ги објавува деталите. Односите меѓу Вашингтон и Москва се на најниско ниво од крајот на Студената војна. Русија се соочува со западни санкции поради нејзината улога во Украина. Вчера, САД ја обвини Русија дека обезбедува тенкови и друга опрема за сепаратистите и побара Москва да запре со тие акции. Двете земји имаат спротивставени мислења и за поддршката од Кремљ за сирискиот претседател Башар ал- Асад, а учествуват и во преговорите за иранската нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG