Достапни линкови

Приведен осомничениот за тројното убиство во Кавадарци


Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Полицијата претпладнево го приведе осомничениот за завчерашното тројно убиство во Кавадарци, потврди министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. МВР потврди дека осомничениоте приведен на гробиштата во Кавадарци. Откако бил забележан се обидел да избега, но бил пресретнат од полицијата. Кај него е пронајден пиштол со два куршума, за кој се претпоставува дека е оружјето со кое е извршено убиството. Тројното убиство беше извршено во неделата во семејна куќа на убиените.

XS
SM
MD
LG