Достапни линкови

Нешто е труло во Скопје 2014


Пожар во зградата на владата.

Пожар во зградата на владата.

Се гради на „ура“, без да се води сметка за квалитетот, важна е само сликата, па затоа не се за изненадување пожарите, поплавите, напукнатите споменици.

Падна мермерна плоча од споменикот на Александар Македонски во Штип при што едно дете е повредено. Додека се уште траат градежните работи на зградата на владата, исто така вчера, избувна мал пожар во нејзината фасада при поставување хидроизолација. Лани пак општина Центар информираше дека подземни води ги поплавиле подрумските простории и на новата зграда на Уставниот суд и на Археолошкиот музеј.

Се е како последица од пребрзо градење, недоволни претходни студии од страна на стручни лица, недоволно подготвени проекти, недоволно дискитирано меѓу стручните лица од сите области не само архитекти, тука се вклучени и статичари и стручњаци од областа на водовот, канализацијата, електриката итн.

Архитектот Ѓорги Константиновски смета дека дел од овие инциденти поврзани со новите градби се последица на тоа што се правело како што вели на „ура“.

„Се е како последица од пребрзо градење, недоволни претходни студии од страна на стручни лица, недоволно подготвени проекти, недоволно дискитирано меѓу стручните лица од сите области не само архитекти, тука се вклучени и статичари и стручњаци од областа на водовот, канализацијата, електриката итн“, вели Константиновски.

Според претседателката на Асоцијацијата на архитекти Сања Јовановиќ- Рагеновиќ пак некои од ицидентите поврзани со новите градби не се исклучок, како на пример последниот пожар во фасадата на владата, оти како што вели при градењето може да се случи такво нешто.

Значи тука квалитетот на градење, тука е битно сликата што ќе се добие за да изгледаат проектите така како што изгледаат.

„Страшно е што се поплавуваат подрумите со самото тоа што тие објекти се така урбанистички поставени на место кое е заштитена зона и не е зона за градење токму поради нивото на реката Вардар. Стиропорот дека не е решение за објекти, особено за капитални објекти од витално значење за оваа држава. Единствена цел на стиропорот е да се добие она смешно обликување, а да може тоа да се направи се брзо. Значи тука квалитетот на градење, тука е битно сликата што ќе се добие за да изгледаат проектите така како што изгледаат“, вели Раѓеновиќ Јовановиќ.

Инаку покрај градбите од проектот во главниот град проблеми наскоро по поставувањето се јавија и кај дел споменици. Имено пред неколку години позеленеа спомениците на Гоце Делчев, Даме Груев и неколку лавови на мостот „Гоце Делчев“. Од што се прават новите градби пак се откри откако по ударот од автомобил во оградата на новиот тетар се виде дека всушност внатре таа е од стиропор. Во меѓувреме и зградите во центарот на Скопје добиваат нов барок-лик само од предната страна, а задната останува во иста, лоша состојба.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG