Достапни линкови

Утре во Њујорк нова рунда разговори за името


Посредникот на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција во спорот за името Метју Нимиц за утре свика нова рунда разговори меѓу претставниците на двете земји во Њујорк. На разговорите ќе присуствуваат македонскиот амбасадор Васко Наумовски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис. Предвидено е Нимиц да има одделни средби со Наумовски и Василакис, а потоа и заеднички разговори. Целта на средбата, според најавата од прес-службата на ОН, е да се продолжат напорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името. Последните разговори се одржаа во Њујорк, за време на септемвриското Генерално собрание на Обединетите нации.

XS
SM
MD
LG