Достапни линкови

САД бара од Русија да не го разгорува огнот во Украина


Портпаролот на Стејт депратментот Џен Псаки

Портпаролот на Стејт депратментот Џен Псаки

Соединетите држави побараа од Русија да прекине да го разгорува огнот во источна Украина со ново оружје и со друга поддршка за тамошните проруски сепратисти. Портпаролот на Стејт депратментот Џен Псаки изјави дека Вашингтон ја осудува руската интензивирана милитаризација во регионот на Донбас со нови тенкови и оружје за сепаратистите. Таа додаде дека Москва мора повеќе да се ангажира во изнаоѓањето мир во источна Украина. Соединетите држави и Европската унија воведоа економски санкции против Русија откако таа го анектира полустровот Крим во март годинава и започна да им помага на проруските сепаратисти. Москва демантира дека испраќа трупи во Украина.

XS
SM
MD
LG