Достапни линкови

logo-print

Иран и Русија со договор за нови нуклеарни централи


Шефот на иранската нуклеарна програма Али Акбар Салехи

Шефот на иранската нуклеарна програма Али Акбар Салехи

Шефот на иранската нуклеарна програма Али Акбар Салехи денеска во Москва се очекува да го финализира договорот со Русија за изградба на две нови нуклеарни централи во Иран. Според иранските медиуми, овие централи Русија ќе ги гради во близина на единствената постоечка иранска нуклеарка во Бушер. Иран соопшти дека има намера да изгради 20 нуклеарни централи со цел да ја намали својата зависност од нафта и гас. До посетата на Салехи на Москва доаѓа пред 24 ноември крајниот рок за постигнување договор меѓу Техеран и шестте светски сили околу контроверзната иранска нуклеарна програма. Иран ги отфрла западните обвинувања дека развива програма за нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG