Достапни линкови

Кина сака поцврста азиска економска интеграција


Кинескиот претседател Си Џинпинг побара од лидерите на земјите од Азиско пацифичкиот регион да работат на поцврста економска интеграција. Тој ова го изјави говорејќи на денешниот втор и последен ден од самитот за економска соработка што се одржува во Пекинг, а на кој учествуваа и претседатлите на Соединетите држави и на Русија Барак Обама и Владимир Путин. На првиот ден од самитот Пекинг објави дека постигнал договор за слободна трговија со Јужна Кореа.

XS
SM
MD
LG