Достапни линкови

Пресуда за капетанот на превртниот брод во Јужна Кореа


Суд во Јужна Кореа денеска реши капетанот на превртениот брод во кој загинаа над 300 луѓе да не биде осуден на смрт. Тој доби казна затвор од 36 години. Капетанот Ли Џун Сеок и 14 членови на екипажот први беа спасени од бродот кој почнал да се превртува, додека патниците главно тинејџери чекале во нивните кабини. Несреќата се случи на 16 април годинава.

XS
SM
MD
LG