Достапни линкови

Полицијата во Истанбул употреби солзавец за да ги растера демонстрантите


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Полицијата во Истанбул употреби денеска солзавец за да ги растера учесниците во протестите против изградбата на џамија до паркот Валидебег во азискиот дел на мегалополисот, пишува електронското издание на весникот „Хуриет“.

Тензиите меѓу полицијата и демонстрантите се интензивираа во попладневните часови, кога во регионот на паркот пристигнаа мешалките за бетон. Група жени ги преминаа барикадите, поставени од полицијата, за да навлезат на локацијата каде се изведуваат градежните работи, по што полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Голем дел од жените се здобиле со повреди и се хоспитализирани во различни болници.

Административниот суд во Истанбул минатиот месец издаде наредба за прекин на работите за изградба на џамијата, но и покрај тоа градежните работи продолжија.

Паркот Валидебег е една од малкуте останати зелени површини во азискиот дел на Истанбул и во него има повеќе историски згради.

XS
SM
MD
LG