Достапни линкови

Обама и Путин имале „кратка средба“ во Пекинг


Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин имале „кратка средба“ на маргините на самитот на АПЕК во Пекинг, соопшти висок американски претставник. Според него, за време на кратката средба тие немале време да ги покријат сите важни прашања. Двајцата лидери не се согласуваат околу улогата на Русија во конфликтот во Украина и поддршката на Кремљ за сирискиот лидер Башар ал-Асад.

Руската новинска агенција Интерфакс објави : „Претседателот на САД прв го поздравил Путин, потоа Путин го поздравил Обама и двајцата претседатели почна да зборуваат“. Според Интерфакс разговорот траел пет минути. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, изјави дека нема информации за средбата.

XS
SM
MD
LG