Достапни линкови

На школо од 15 септември, за подолга туристичка сезона?


Холандски туристи пристигнуваат во Охрид.

Холандски туристи пристигнуваат во Охрид.

Првата половина на септември е период кој туристите активно го посетуваат Охрид, па затоа се размислува за поместување на стартот на учебната година. Според општината, туристичката сезона која помина, во ништо не била послаба во однос на претходната, но хотелиерите велат дека уште многу треба да се работи за подигнување на туризмот.

Постојат заговарања учебната година во иднина да започнува од 15 наместо како досега од 1 септември. Според градските власти во Охрид, на овој начин ќе се продолжи туристичката сезона каде во светски рамки има поместување во однос на нејзиниот почеток .

Постојат и одредени заговарања засега на локално, а понатаму можеби и пошироко на национало ниво, почетокот на учебната година законски да биде поместен барем до 15 септември.

Ѓоко Апостолов, раководител на секторот за туризам во Општина Охрид, вели дека најбројни гости во Охрид оваа година биле гостите од Турција, а по нив следуваат холандските и бугарските туристи.

„Постојат и одредени заговарања засега на локално, а понатаму можеби и пошироко на национало ниво, почетокот на учебната година законски да биде поместен барем до 15 септември. Првата половина на септември е период кој туристите активно го посетуваат Охрид, но и сите туристички дестинации. Ова се само преземања на идеи од многу туристички експерти од многу држави кои веќе евидентирале дека целата туристичка сезона бележи тренд на поместувања во временскиот период“, вели Апостолов.

Туристи во Охрид.

Туристи во Охрид.

Според анкетата која општината ја направи, најборјни гостите во Охрид биле оние кои дневно трошеле од 10 до 30 евра.

„Треба да се има предвид дека оние гости кои се во најголемата буџетска категорија, се гости кои имаат и најголеми побарувања во делот на квалитетот на сместувањето и услугите“,рече Апостолов.

Мислам дека локалната самоуправа и Агенцијата за промоција на туризмот треба да седнат сериозно. Маркетингот треба да се засили, да се излезе надвор на меѓународниот пазар и мислам дека тоа е најголемата подршка за нас хотелиерите.

Според општината, туристичката сезона која помина, во ништо не била послаба во однос на претходната, во однос на бројот на гости и остварените ноќевања, додека прометот остварен во угостителските објекти бил за 15 отсто поголем.

Лупчо Цветаноски сопственик на хотелот Климетица рече дека не биле задоволни од тоа како поминала сезоната во месеците јуни и јули, но оти до крајот на сезоната нивните капацитети биле задоволително исполнети. Според него треба да се направат уште многу работи за да се подигне туризмот на повисоко ниво.

„Мислам дека локалната самоуправа и Агенцијата за промоција на туризмот треба да седнат сериозно. Маркетингот треба да се засили, да се излезе надвор на меѓународниот пазар и мислам дека тоа е најголемата подршка за нас хотелиерите.“

РСЕ:Од инфраструктурен аспект потребни ли се промени?

„Тоа секоја година го зборуваме и мислам дека ако автопатот се изгради, тогаш сигурно од 50 проценти па нагоре ќе се зголеми продажбата бидејки патиштата навистина ни се многу лоши“, рече Цветаноски.

XS
SM
MD
LG