Достапни линкови

Могерини назначи иследник за ЕУЛЕКС


Brussels, November 4, 2014

Brussels, November 4, 2014

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини му ја довери денеска истрагата за корупција во ЕУЛЕКС на професорот Жан Пол Жак, познат експерт за меѓународно право. Таа од Жак побара во рок од четири месеци да и ги достави резултатите од истрагата и препораките за натамошните чекори.

Одлуката на Могерини следеше по сериозните обвиненија на сметка на ЕУЛЕКС, кои ги објави приштинскиот весник „Коха диторе“, а ги потврди поранешната обвинителка на европската мисија, Мари Бамие.

Според тие обвиненија, високи функционери на ЕУЛЕКС земале пари и одржувале непримерни врски со лицата обвинети за тешки кривични дела, додека други спречувале истрага за случаите за корупција.

XS
SM
MD
LG