Достапни линкови

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се прекупуваат со Субрата Рој


СДСМ побара до власта да ги соопшти штетите од договорот со Субрата Рој за Џумајлија. Од партијата велат дека не биле послушани нивните укажувања за штетноста на договорот. СДСМ вели дека поради пропаднатиот договор останале необработени 5.000 хектари плодно земјиште. Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, денеска на прес-конференција потсети на ветената инвестиција од 200 милиони евра, 20.000 грла крави, изградба на фарми и млекара што ќе произведува 80.000 литри млеко дневно, а ги критикуваше и најавените инвестиции на Рој кај Охридското Езеро.

Од владејчката ВМРО-ДПМНЕ веднаш реагираа дека граѓаните и државата не се оштетени во случајот „Сахара груп“.

„Владата и премиерот Груевски никогаш не рекла дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Владата единствено соопшти дека компанијата пројавила интерес, а самиот сопственик на компанијата изјави дека ќе инвестира“, се наведува до нивното соопштение. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ нема некаков кредибилитет да дебатира за привлекување инвестиции.

XS
SM
MD
LG