Достапни линкови

Прогнози за три години економска стагнација во Русија


Руската централна банка прогнозира три години стагнација, односно дека економскиот раст во земјата од 2014 до 2016 година ќе биде речиси нула. Ваквите предвидувања значат дека санкциите против Русија од страна на западот и пониските цени на нафтата ги намалуваат перспективите на Москва во последните години од третиот мандат на претседателот Владимир Путин. Според стратегијата за монетарната политика на Русија објавена на 10 октомври, Централната банка за годинава прогнозира економски раст од 0,3 отсто, нула во 2015 година и 0,1 процент во 2016 година. Банката прогнозира дека западните санкции против Русија ќе траат најмалку до крајот на 2017 година. Исто така проценките се базираат на претпоставката дека цената на нафтата ќе се зголеми на 95 долари за барел наредната година, но дека потоа повторно ќе се намали. Се предвидува повисок раст ако санкциите бидат укинати порано или ако цените на нафтата се повисоки од очекуваното.

XS
SM
MD
LG