Достапни линкови

Остри забелешки меѓу Вучиќ и Рама


Премиерите на Албанија и Србија за време на заедничката прес конференција во Белград си разменија остри зборови. Албанскиот премиер Еди Рама, ја повика Србија да ја прифати независноста на Косово, велејќи дека „колку побргу го признаете, толку побргу можеме да се движиме напред. Српскиот премиер Александар Вучиќ ги оцени забелешките на Рама како „провокација“, велејќи дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово. Рама е во историска посета на Белград која има за цел редуцирање на тензиите во Косово и да се зборува за правата на малцинствата.

XS
SM
MD
LG