Достапни линкови

Ќе се ограничи ли користењето на стари возила?


Министерот за економија Беким Незири вели дека тој не очекува во наредните неколку години во Македонија да има ограничувања за користење стари возила кои не ги исполнуваат еколошките стандарди или да се забрани нивно регистрирање. Тој вели дека таквата мерка ќе има големи негативни ефекти врз економијата, а со неа ќе бидат засегнати и граѓаните. Министерот вели дека ќе изготват анализа и за 14 дена ќе ја информираат Владата за позитивните и негативните мерки од воведувањето на таквата мерка.

„Мислам дека и Владата ќе има слух и оти ќе ја прифати анализата што ќе ја направиме“, вели Незири.

Комитетот за заштита на животната средина неодамна на седница на Владата побара да се разгледа можноста да се оневозможи регистрацијата на старите возила, за почеток со ЕУРО 0, а подоцна и со ЕУРО 1 стандард, или да биде редуцирано нивното движење во Скопје поради нивното партиципирање во загадувањето на градот.

XS
SM
MD
LG