Достапни линкови

Без драстични мерки за спас на руската рубља


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Кремљ нема да го ограничи движењето на парите или да преземе други „итни мерки“ за да се сопре падот на рубљата. Тој во обраќањето пред бизнисмени за време на Самитот во Пекинг, изјави дека Русија ќе преземе „неопходни чекори“ во однос на рубљата. Руската валута изгуби околу 40 отсто од својата вредност оваа година, поради западните санкции кон Русија заради кризата во Украина и поради падот на цените за нафта и гас чиј извоз е од клучно значење за руската економија. Путин изјави дека основно ќе им биде девизните резерви и платниот биланс да останат на добро ниво, оти тоа ќе им помогне да ја контролираат ситуацијата, без да преземат какви било вонредни итни чекори.

XS
SM
MD
LG