Достапни линкови

Изгаснат пожарот во зградата на Владата


Во зградата на Владата на Република Македонија изутрината избувнал пожар, при што се запалила изолацијата на фасадата и дел од електричната инсталација. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани шест пожарникарски возила.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Благоја Менковски, соопшти дека пожарот е изгаснат, а пожарникарите не дозволиле проширување на пожарот на првиот кат на зградата. Материјалната штета е незначителна, а Министерството за внатрешни работи треба да ги соопшти информациите за причините за пожарот, рече Менковски.

XS
SM
MD
LG