Достапни линкови

logo-print

Каталонците гласаа за независност


Жителите на шпанскиот богат североисточен регион Каталонија на вчерашното симболично гласање се изјаснија за независност и покрај противењето на Мадрид.

Резултатите покажуваат дека гласале околку два милиона луѓе од кои еден милион и 600 илјади биле за независност. Сепак одѕивот бил мал, со оглед на тоа што во Каталонија има 5 милиони и 400 илјади граѓани со право на глас.

Се се обидовме. Дали кога сите патишта ни беа затворени требаше да се откажеме? Или алтернатива ни беше да се бориме на демократски начин за нашиот проект? Па, ова е нашата алтернатива и ние ќе продолжиме да се бориме, бидејќи имаме специјално право на тоа.

Тие се изјаснуваа за две прашања: „Дали сакате Каталонија да биде држава? Ако сакате, дали таа држава треба да биде независна?“.

Шефот на каталонската влада Артур Мас на 27 септември распиша референдум за незвисност, но два дена потоа Уставниот суд на Шпанија го забрани.

Веднаш потоа каталонските власти решија на 9 ноември да одржат неофицијално гласање што го нарекоа консултации за независност.

Јас сум слободен да гласам. Јас сум дел од она што повеќето луѓе го сакаат во Каталонија и ја создадоа ова можност секој да го изрази неговото мислење и да го даде својот глас.

„Се се обидовме. Дали кога сите патишта ни беа затворени требаше да се откажеме? Или алтернатива ни беше да се бориме на демократски начин за нашиот проект? Па, ова е нашата алтернатива и ние ќе продолжиме да се бориме, бидејќи имаме специјално право на тоа“, изјави Артур Мас.

„Јас сум слободен да гласам. Јас сум дел од она што повеќето луѓе го сакаат во Каталонија и ја создадоа ова можност секој да го изрази неговото мислење и да го даде својот глас“, изјави познатиот фудбалски тренер, порано на Барцелона, а сега на минхенски Баерн, Пеп Гвардиола, кој исто така учсетвуваше на гласањето.

Во најбогатиот, но и најзадолжен регион на Шпанија, веќе многу години тлее желбата за осамостојување, која доби на интензитет откако Шпанија беше погодена со рецесија и со низа корупциски скандали.

Шпанските конзервативни власти ја поставија легитимноста на и онака необрвзувачкиот референдум пред суд со што изјаснувањето стана симболично и кое го организираа доброволци.

На избирачките места, отворени и покрај забраната на Мадрид, во училиштата и јавните згради, работеле над 40 илјади активисти.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека ќе го зачува единството на Шпанија додека земјата се опоравува од рецесијата и најави дека изјаснувањето на Каталонците нема да има никаков ефект.

И министерот за правда Рафаел Катала изјави дека гласањето било неплодно и безкорисно. До изјаснувањето на Каталонците дојде на два месеца откако Шкотланѓаните гласаа да не се отцепат од Велика Британија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG