Достапни линкови

Трговски договор меѓу Кина и Јужна Кореа


Кина и Јужна Кореа постигнаа согласност за потпишување договор за слободна трговија со кој во текот на наредните две децении ќе се укинат царините за над 90 насто од производите. Ова беше соопштено по средбата меѓу претседателите на двете земји Парк Геун Хие и Си Џинпинг за време на Азиско пацифичкиот самит за економска соработка што се одржува во Пекинг. Трговската размена меѓу Јужна Кореа и Кина во минатата година изнесуваше скоро 230 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG