Достапни линкови

Каталонците гласаа за независност


Жителите на шпанскиот богат североисточен регион Каталонија на вчерашното гласање се изјаснија за независност и покрај противењето на Мадрид. Резултатите покажуваат дека гласале околку два милиона луѓе од кои милион и 600 биле за независност. Сепак одѕивот бил мал со оглед на тоа што во Каталонија има 5 милиони и 400 илјади граѓани со право на глас. Шефот на каталонската влада Артур Мас на 27 септември распиша референдум за невисност, но два дена потоа Уставниот суд на Шпанија го забрани. Веднаш потоа каталонските власти решија на 9 ноември да одржат неофицијално гласање што го нарекоа консултации за независност.

XS
SM
MD
LG