Достапни линкови

Меркел со порака на прославата во Берлин



Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека падот на Берлинскиот ѕид пред четврт век испраќа порака на угнетените луѓе од целиот свет денес. Меркел, која израснала во источна Германија кога беше советски сателит, зборуваше на тридневната церемонија од денот на одбележувањето на 25-годишнината од Студената војна која кулминираше со падот на ѕидот на 9 ноември.
"Се покажа дека имаме моќ да ја обликуваме нашата судбина и да ги направиме работите подобри. Тоа е пораката на падот на Ѕидот", рече Меркел и додаде дека таа е насочена не само кон луѓето во Германија, туку и кон другите во Европа и во светот, особено на луѓето во Украина, во Сирија, Ирак и други региони, каде што човековите права се загрозени или повредени.

XS
SM
MD
LG