Достапни линкови

Средба Путин-Џинпинг



Рускиот претседател Владимир Путин се осврна на руско-кинеските односи за време на посетата на Пекинг која доаѓа откако неговите врски со Западот се сериозно затегнати поради украинската криза. На средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг по десетти пат за помалку од две години, Путин рече дека соработката меѓу Русија и Кина е исклучително важна за одржување на мирот во рамките на меѓународното право, и таа го прави светот постабилен. Тој зборуваше во услови на обновените обвинувања за директна руската вмешаност во конфликтот во источниот дел на Украина, кога ОБСЕ соопшти дека нејзините набљудувачи забележале "конвои на тешко оружје и тенкови" кон територијата која е под контрола на про-руските сепаратисти.
Кинескиот претседател изјави дека треба внимателно да се чува дрвото на руско-кинеските односи и дека сега е време да се собере овошјето.
Путин ќе остане во Пекинг и во следните два дена поради самитот за Азиско-пацифичка економска соработка.

XS
SM
MD
LG