Достапни линкови

Хамас спречи одбележување на смртта на Арафат


Екстремистичкото палестинско движење Хамас нареди откажување на церемонијата во Газа за одбележување на десетгодишнината од смртта на палестинскиот лидер Јасер Арафат. Денешната одлука покажува дека продолжуваат тензиите помеѓу Хамас и Арафатовото движење Фатах и покрај формирањето на влада на единство која треба да стави крај на долгогодишното непријателство меѓу двете ривалски групи. Палестинското министерство за внатрешни работи во кое доминантна позиција има Хамас соопшти дека го информирало Фатах дека не може да ја гарантира безбедноста на меморијалниот собир. Денешниот собир требаше да биде прво одбележување на Арафатовата смрт од 2007година, кога Хамас ја превзеде контролата над Газа. На последниот таков собир, неколку месеци откако Хамас ја презеде контролата, десет луѓе беа убиени во судирите во Газа.

XS
SM
MD
LG