Достапни линкови

logo-print

Грчките сеизмолози очекуваат нови потреси во Кефалонија


Грчките сеизмолози денеска соопштија дека по земјотресот со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала, што вчера го погоди јонскиот остров Кефалонија, очекуват серија вторични потреси, од кои некои би можеле да бидат со јачина и до 4,6 степени. Земјотресот на Кефалонија, при кој нема жртви и не е причинета материјална штета, според атинскиот Институт за геодинамика, бил со епицентар на 283 километри од Атина и на осум километри јужно од градчето Аргостоли, на длабочина од пет километри под морското дно. Според сеизмолозите, земјотресот се должи на сеизмички поместувања предизвикани од потресите што го погодија регионот во февруари годинава. Тие предвидуваат интензивирана сезимичка активност во регионот на Кефалонија во следните неколку дена.

XS
SM
MD
LG