Достапни линкови

Во Баку митинг на активистите за човекови права


Во центарот на Баку, опозициониот Национален совет на демократските сили на Азербејџан денеска одржува митинг поради острите мерки против граѓанското општество. Учесниците во демонстрациите се собраа на стадионот Машал во знак на протест на неодамнешните апсења на активисти за правата и бараат од Владата ослободување на сите политичкизатвореници. Организаторите на протестите, исто така, ја повикаа меѓународната заедница да побараат одговорност од владата за последните потези против активистите. Неколкумина активисти вклучувајќи ја Лејла Јунус и нејзиниот сопруг биле приведени во последниве месеци и обвинети за злосторства кои вклучуваат предавство. Нивните поддржувачи тврдат дека обвиненијата се фабрикувани и политички мотивирани. Меѓународните организации за права се жалат дека апсењата и неуспехот на азербејџанските власти правилно да го почитуваат законскиот процес, како што е на пример овозможување на уапсените да се сретнат со своите адвокати.

XS
SM
MD
LG