Достапни линкови

Во Белград уапсен „балканскиот Ал Капоне“


Српската полиција денеска го уапси Драгослав Космајац, кого во јуни годинава српскиот премиер Александар Вучиќ го нарече „најголем нарко-дилер на Балканот“. Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефеновиќ, на вонредна прес-конференција, соопшти дека Космајац бил уапсен во неговиот дом во Блеград. Во истата акција покрај „балканскиот Ал Капоне“, се успеани уште седум лица. Тие се осомнични за пет кривични дела, почнувајќи од „поттикнување на извршување кривичлно дело“, па се до „даночно затајување“. Стефановиќ нагласи дека апсењата не се поврзани со шверц со дрога. Акцијата во која се уапсени Космајац и седуммината негови соработници, сите српски државјани е спроведена по четири месеци истрага. Четворицата од соработниците на Космајац биле уапсени во Сремска Митровица, а тројца во Белград.

XS
SM
MD
LG