Достапни линкови

Германија слави 25 години од падот на Берлинскиот ѕид


Германија денеска ја одбележува 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Еден милион луѓе се очекува да учествуваат на прославите во германскиот главен град, кои вклучуваат концерт и огномет. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека незадржливиот копнеж за слобода довел до рушење на ѕидот и го нарече "чудо" тоа што бариерата во Студената војна беше прекршена, без ниту еден истрелан куршум. Меркел изјави дека Германија секогаш ќе биде благодарна за храброста на источногерманците кои излегоа на улиците да протестираат против комунистичката диктатура. Берлинскиот ѕид беше изграден во 1961 година со цел да престанат источнаогерманците да бегаат кон Запад. Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов рече дека тензии меѓу истокот и западот во текот на украинската криза потсетува на времето пред падот на ѕидот, предупредувајќи дека светот е на работ на нова студена војна.

XS
SM
MD
LG