Достапни линкови

Средба на Ахмети со косовскиот амбасадор Хиса


Претседателот на Демократската унија за интеграција-ДУИ Али Ахмети во Тетово имаше средба со косовскиот амбасадор Илбер Хиса, на која разговарале за политичката ситуација во Македонија и во Косово, соработката помеѓу Приштина и Скопје, како и за конкретни проекти што ќе ги зближат граѓаните.

“Претседателот Ахмети зборуваше за важноста на патот меѓу Скопје и Блаце, за поминување на границата само со лична карта за граѓаните од двете земји, но и воспоставување заеднички граничен и царински премин како и одржување заедничка владина средба. Амбасадорот Хиса истакна дека косовската страна е заинтересирана што поскоро да се потпише договор за граничен премин само со лични карти и ја поздравува намерата на владата на РМ за изградба на патот Скопје-Блаце со надеж дека работите ќе почнат што поскоро”, се вели во соопштението на ДУИ по средбата.

XS
SM
MD
LG