Достапни линкови

logo-print

Бериша повикува на масовни протести


Поранешниот албански премиер и екслидер на опозициските демократи, Сали Бериша, преку социјалната мрежа Фејсбук повика на масовни протести против зголемувањето на цената на електричната енергија, даноците на горивата и студентските такси. Како што јавува МИА, Бериша апелира да се излезе на протести на 22 ноември. Преку социјалната мрежа, Бериша, наведува дека одлуката за протести дошла, според него, по одржаната средба со политички партии, независните синдикати, здруженија, претставни на бизниснот и други целни групи. Бериша беше лидер на демократите два децении, но се повлече од оваа функција по поразот на парламентарните избори во јуни 2013 година.

XS
SM
MD
LG