Достапни линкови

logo-print

Конвои со тешко оружје се движат кон источна Украина


ОБСЕ соопшти дека е многу загрижена, откако нејзини набљудувачи забележале колони со воена опрема како се движат низ територијата во источниот дел на Украина контролиран од страна на про-руските сепаратисти. Организацијата за безбедност и соработка соопшти дека нејзините набљудувачи забележале "конвои со тешко оружје и тенкови", во градот Доњецк иво близина на Макивка. Во соопштението на ОБСЕ еден ден откако Украина ја обвини Русија за испраќање на колона од 32 тенкови и камиони полни со војници во источнииот дел на земјата како поддршка на про-руските сепаратисти кои се борат со владините сили. Русија негира поддршка на бунтовниците со борци и оружје.
"Повеќе од 40 камиони и цистерни" беа забележани на автопатот во источната периферија на Макивка, соопштија набљудувачите на ОБСЕ. Девестнаесет од камионите биле без ознаки или регистарски таблички и пренесувале персонал во темно зелени униформи.

XS
SM
MD
LG