Достапни линкови

САД ќе присуствува на Виенската конференција за нуклеарно оружје


САД соопштија дека ќе присуствуваат на меѓународна конференција за влијанието на нуклеарно оружје во Виена следниот месец. Стејт Департментот објави дека американска делегација ќе оди на Виенската конференција за влијанието на нуклеарно оружје, што ќе се одржи на 8 и 9 декември. Соединетите Држави се првите од петте светски признати нуклеарни сили што објави дека ќе присуствува на конференцијата. Целта на истата е да се подигне свеста за последиците од нуклеарно оружје и да се промовира нивната елиминација. Ниту една од петте официјални нуклеарни сили САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија не присуствуваа на првите две конференции. Се верува дека девет земји во светот со нуклеарно оружје поседуваат вкупна вредност од 16.300 нуклеарни уреди.

XS
SM
MD
LG