Достапни линкови

logo-print

Средба Самарас-Анастасиадес-Сиси во Каиро


Во Каиро денеска се одржа трилатерална средба меѓу грчкиот премиер Андонис Самарас, кипарскиот претседател Никос Анастасиадес и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси. Во изјавата по средбата, Самарас истакна дека состанокот ги поставил темелите на значајна стратешка соработка и заеднички фронт за геополитичка стабилност, енергетската безбедност, борба против тероризмот и економски раст.

- Денеска ги зајакнавме основите на едно многу старо пријателство со акцент на прашањата од областа на безбедноста, економијата и користењето на морските ресурси за доброто на нашите народи и Европа. Оваа геополитичка шема ќе биде потпомогната и од продлабочување на културните врски меѓу трите земји, изјави Самарас.

XS
SM
MD
LG