Достапни линкови

Обама го номинираше Блинкен за заменик државен секретар


Американскиот претседател Барак Обама го номинираше својот заменик-советник за национална безбедност, Тони Блинкен да биде заменик-државен секретар. На оваа позиција Блинкен мора да добие потврда од Сенатот. Блинкен работел како советник на потпретседателот Џо Бајден и е вклучен во националните безбедносни прашања во Белата куќа од 2009 година.Тој помогна во градењето на американската политика за Авганистан, Пакистан и иранската нуклеарна програма. Тој, исто така, работел во Белата куќа во времето на претседателот Бил Клинтон.

XS
SM
MD
LG