Достапни линкови

Коендерс: Некои остатоци никогаш нема да се пронајдат


Холандскиот министер за надворешни Берт Коендерс вели дека некои од остатоците на жртвите од паднатиот авион на Малезија ерлајнс можеби никогаш нема да бидат пронајдени. Неговите коментари се по повод церемонијата за жртвите чии остатоци беа неодамна пронајдени во источниот украински град Харков.
Остатоците од девет лица од вкупно 298-те допрва треба да бидат пронајдени. Речиси две третини од загинатите беа холандски граѓани.
Коендерс изјави дека експертите се уште се надеваат дека ќе пронајдат повеќе остатоци од паднатиот авион, но несигурната безбедносна ситуација ја прави истрагата многу отежната. Авионот на Малезија ерлајнс лет MH17 падна на 17 јули на територија во источна Украина која е под контрола на про-руските сепаратисти. Украина и Запад тврдат дека тој бил соборен од сепаратистите, но ваквото обвинение Москва го негира.

XS
SM
MD
LG