Достапни линкови

Најавена средба Абот-Путин


Австралискиот премиер Тони Абот изјави дека ќе има отворен разговор со рускиот претседател Владимир Путин за падот на авионот на Малезија ерлајнс кога ќе се сретнат на самитот во Пекинг. Кремљ на 7 ноември потврди дека Путин се согласил да се сретне со Абот, кој од минатиот месец ветува дека ќе се соочи со рускиот лидер за смртта на Австралијците во трагедијата. Средбата се очекува да биде на 11-ти ноември за време на самитот за Азиско-пацифичка економска соработка. Советникот за надворешната политика на Путин Јуриј Ушаков изјави дека средбата ќе биде кратка. Абот изјави дека ќе побара Русија да се однесува како што ветува, дека целосно ќе соработува со истрагата која е во тек и дека ќе го направи она што може за да се осигура дека правдата е задоволена. Авионот леташе од Амстердам до Малезија, кога беше соборен над територијата во источна Украина која е под контрола сепаратистичките борци, поддржани од Москва.

XS
SM
MD
LG