Достапни линкови

logo-print

Расте бројот на загинати авганистански војници



Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека авганистанските безбедносни сили умираат во се поголем број, бидејќи се претпоставува дека тие имаат водечка улога во борбата против Талибанците. Говорејќи за време на посетата во градот Херат во Авганистан, Столтенберг изјави дека авганистанските сили ја имале главната одговорност веќе речиси една година.
Бројките оваа недела покажале дека бројот на авганистанските војници и полицајци офицери убиени оваа година достигна 4634 лица или 6,5 отсто повеќе во споредба со 2013 година. Американскиот командант во Авганистан, генерал-потполковник Џозеф Андерсон, пред два дена изјави дека тие бројки не се одржливи на долг рок . НАТО треба да ја затвори својата борбена мисија во Авганистан до крајот на 2014 година но, околу 12.000 американски и НАТО војници ќе останат во капацитетите за обука и поддршка.

XS
SM
MD
LG