Достапни линкови

logo-print

Експлозии во Авганистан, најмалку 6 мртви



Најмалку шест лица се убиени, а тројца други биле ранети кога две експлозии на бомби погодиле мотоцикл и минибус во северозападниот племенски регион Мохманд, во близина на границата со Авганистан. Официјални лица изјавија дека експлозиите се случиле во временски интервал од неколку минути. Првата експлозија погодила мотоцикл, и убила син на постар член на мировниот комитет. Втората бомба удрила во патнички минибус, при што загинале пет лица. Инаку волонтери на Мировниот комитет и помогнат на владата во нејзините напори против милитантите. Отцепената група од пакистанското талибанско движење Техрек-е Талибан ја презеде одговорноста за нападите. Мохманд се наоѓа на 100 километри северозападно од Пешавар. Тоа е, исто така, во близина на Кибер племенскиот регион, каде што од минатиот месец пакистанската армија спроведува операцијата против милитантите.

XS
SM
MD
LG