Достапни линкови

Бан: Решете ја кризата и продолжете со разговорите со Белград


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изрази загриженост поради политичкиот застој во Приштина и ги повика косовските лидери да ги засилат напорите за изнаоѓање решение.Тој апелираше што побргу да продолжат со дијалогот со Белград.

-Особено сум загрижен поради продолжениот политички застој во Приштина и можните негативни последици за досега остварениот напредок во јакнење на демократските институции и процеси на Косово, наведува Бан во извештај до СН на ОН за кој ќе се расправа на 13 ноември.

Бан додава дека сегашната генерација лидери мора да продолжи со историски процес за нормализација на односите Белград-Приштина, да се помири со минатото, да ги искористи можностите од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и да продолжи со структурални реформи.

- Ги повикувам исто така сите страни да најдат начин да го забрзаат процесот без оглед на краткотрајните политички предизвици, додава тој.

XS
SM
MD
LG