Достапни линкови

Најмалку 17 милитанти убиени во Пакистан


Припадници на милитантната група Техрек-е-Талибан

Припадници на милитантната група Техрек-е-Талибан


Пакистанските сили за безбедност соопштија дека најмалку 17 милитанти загинале во синоќешното гранатирање во северозападната племенска област Кибер. Безбедносни официјални лица изјавија дека милитантите биле убиени во градот Бара на 8 ноември, откако безбедносните сили спречиле напад од страна на вооружени лица врз контролен пункт. Убиените биле членови на талибанските милитантни групи Лашкар-е ислам и Техрек-е-Талибан. Милитантите најдоа засолниште во Кибер по бегството од пакистанската армија која напредуваше во Северен Вазиристан. Пакистанската армија тврди дека убила стотици милитанти во Кибер во последниве неколку месеци во операцијата која предизвика околу 150.000 луѓе да ја напуштат областа. Кибер е полуавтономна племенска област на границата со Авганистан.

XS
SM
MD
LG