Достапни линкови

Вагони од товарен воз излетаа од шини во Грција


Празни вагони од товарен воз на железничка линија меѓу Атина и Солун излетале од шини, и за среќа нема жртви, јавија грчки медиуми. Запрено е движењето на таа железничка линија во Грција. Патниците кои ја користат таа линија се превезуваат со автобуси. Инцидентот се случил во реонот Амфиклија. Причина за излетувањето на вагоните најверојатно е лизгање земјиште поради поројни дождови.

XS
SM
MD
LG