Достапни линкови

Дваесет и пет години од падот на Берлинскиот ѕид



Германија ја започна тридневната прослава за одбележување на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Речиси 7.000 бели балони кои се протегаат од земјата кон 15 километрскиот ѕид беа осветлени во приквечерината на 7 ноември. Советскиот лидер Михаил Горбачов, чија "перестројка" и реформи помогнаа да се отвори патот за промени, го поздрави народот на поранешниот граничниот премин кај контролниот пункт во Берлин. Говорејќи во услови на актуелните тензии Исток-Запад за време на Украинската криза, Горбачов рече: "Постои едно старо, докажано искуство дека кога Русија и Германија се пријателски едни кон други, Европа е мирна, тие се добри и тоа е подобро за светот." Прославата ќе заврши со голем фестивал во Берлин на 9 ноември по повод одбележувањето на точно 25 години откако германските поделби за време на Студената војна беа прекршени на 9 ноември, 1989 година.

XS
SM
MD
LG