Достапни линкови

Грција бара финансиска помош од ЕУ поради ембаргото на Русија


Грција побарала од Европската унија финансиска помош за земјоделието заради воведеното ембарго од Русија за увоз на земјоделски стоки од страните од блокот. Вчера Русија воведе пакет мерки како одговор на санкциите од Вашингтон, Канада и ЕУ кон Москва. Истиот месец ЕУ донесе одлука за поддршка на производителите на праски како и на производители на други земјоделски производи. Но, и покрај тоа руското ембарго има тешки последици за земјоделците,според оценка на грчките власти. На 10 ноември на седница на министрите за земјоделие од државите од ЕУ ќе се разгледува грчкото барање.Според оценки на Европската комисија руското ембарго погодило 4,2 отсто од целиот извоз од ЕУ за вкупна сума од околу пет милијарди евра.

XS
SM
MD
LG