Достапни линкови

Обама бара Конгресот да одобри пари за борбата против ИД и ебола



Американскиот претседател Барак Обама побара од републиканците и демократите до крајот на годината да одобрат средства за борбата против милитантите на Исламската држава и еболата. По изборите на кои републиканците победија и со тоа добија контрола во двата дома на Конгресот, Обама побара од пратениците да го поддржат неговото барање за 5,6 милијарди долари за операциите во Ирак и Сирија против милитантите на Исламската држава. Таа вклучува 1,6 милијарди долари за распоредување на 1.500 дополнителни војници во Ирак. Со тоа вкупниот број на американски војници за обука и опремување на ирачките и курдските борци ќе изнесува 3100. Во меѓувреме, американскиот генерал Лојд Остин, шеф на американската Централна команда ги запозна пратениците на состанокот за борба против милитантите на Исламската држава со најновите детали. Обама, исто така, побара 6 милијарди долари во финансирање за итни случаи кои се борат со ебола. Составот во заминување во Конгресот же ја одржи својата последна седница на 12 ноември. Новоизбраниот конгрес ќе заседава во почетокот на јануари.

XS
SM
MD
LG