Достапни линкови

Француските социјалисти бараат набљудувачка мисија на ЕП во Македонија


Владеачката француска социјалистичка партија бара од ЕУ да испрати набљудувачка мисија на Европскиот парламент во Македонија, а од ОБСЕ да ја засили својата мисија. Ова, како што јавува МИА, стои во официјалното соопштение објавено на веб страницата на СПФ по средбата на заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска со Првиот секретар на француската социјалистичка партија Жан-Кристоф Камбаделис и Националниот секретар за Европа, Филип Кордери, по чија покана таа престојуваше во Париз. Разговорите кои се воделе во Париз се однесувале на „ситуацијата со демократијата во Македонија“, Самото соопштение е насловено „Македонија: демократијата не може да биде празен збор“, додека понатаму се додава „демократското назадување на земјата од пристигнувањето на актуелниот претседател на владата Никола Груевски, се загрижувачки поради повеќе нешта: спречување на слободата на печатотот, контрола на медиумите и институциите, заплашување на функционери, притисоци врз правдата, птопаганда во јавното мислење...“ – се вели во соопштението на СПФ, објавено на нејзината интернет страница.

Се додава дека „опозицијата не е во можност целосно да ја врши својата работа и да ја живее демократијата во Македонија, во отсуство на пристап до медиумите.“ Овие назадувања, според соопштението, биле констатирани и од етапниот извештај на Европоската комисија, како и во различните извештаи на ОБСЕ.

XS
SM
MD
LG