Достапни линкови

logo-print

Авганистан - годинава повеќе загинати војници, отколку лани


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека има зголемување на смртноста кај авганистанските безбедносни сили, откако тие ја презедоа водечката улога во борбата против Талибанците. Столтенберг кој е во посета на Авганистан, изјави дека авганистанските сили веќе една година ја имаат главната одговорност. Оваа годна загинале 4.634 припадници на авганистанските сили, што е за 6,5 отсто повеќе отколку во 2013 година. НАТО до крајот на годината ја завршува својата борбена мисија во земјата, но околу 12 илјади војници ќе останат за да ги обучуваат и да им пружаат поддршка на авганистанските сили.

XS
SM
MD
LG