Достапни линкови

logo-print

Косово - договор за претседател на Собранието


Коалицискиот блок ВЛАН одлучи на Демократската партија на Косово да и го препушти местото претседател на косовското Собрание, соопшти Фатмир Љимај, по состанокот на коалицијата.

Следните денови ќе биде одлучено кој ќе ја извршува функцијата премиер, додаде Љимај.

Тој наведе и дека коалицискиот блок барал од претседателката на Косово да побара претседавачот на собранието Флора Бровина да свика конститутивна седница на собранието на Косово, на која ќе биде избран преседател и останатите органи на собранието, јавија приштински медиуми.

XS
SM
MD
LG