Достапни линкови

logo-print

Затворени стотици нелегални веб страници


Веб страницата „Патот на свилата 2.0“, илегална страница за продажба на дрога и уште 400 други сајтови за кои се верува дека се за продажба на илегални производи се затворени во најновата акција за борба против компјутерскиот криминал. Од Еуропол денеска соопштија дека во заедничка операција помеѓу САД и 16 европски земји се спроведени 17 апсења, вклучувајќи го и операторот на сајтот „Патот на свилата 2.0“. Страниците се управувани од онлајн сервисот Тор, кој стои зад страници преку кои се врши нелегална трговија со дрога, оружје, злоупотреба на слики од деца, како и сајтови за екстремистички групи.

Страницата „Патот на свилата 2.0“, која се занимава во купување и продавање на дрога е еден од најозлогласените. Тој беше отворен откако минатата година беше затворен оригиналниот „Патот на свилата“.

XS
SM
MD
LG