Достапни линкови

Британија доби одложување за уплата во буџетот на ЕУ


Европските министри за финансии денеска и одобрија на Велика Британија да јa одложи до 1 септември 2015 уплатата на дополнителните 2,1 милијарда евра во буџетот на Унијата, изјави британскиот министер Џорџ Озборн. Според него тоа е вистински успех за Лондон. Тој вели дека добиле повеќе отколку што очекувале, затоа што го одложиле плаќањето и го преполовиле износот, па тој ќе изнесува околу милијарда евра.

Претходно беше договорено целата сума да се плати до декември 2014. Извори од ЕУ сепак велат дека Британија ќе треба да го плати целиот износ од 2,1 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG