Достапни линкови

Убиени околу 200 бунтовници во источна Украина


Околу 200 про руски бунтовници загинале во близина на аеродромот во Доњецк на 6 ноември, соопштија од украинската воена служба која ги спроведува операциите против бунтовниците. Бројката на загинати во еден ден е многу поголема од сите досегашни пријавени откако почна конфликтот. Од почетокот на конфликтот во мај загинаа 4.000 борци и цивили, но тој број не може да биде независно потврден. Од Укрианската „антитерористичка операција“ на својата Фејсбук страница напишаа дека укрианските сили отвориле оган кон бунтовниците кои се обиделе да ги нападнат нивните позиции. Понатаму се наведува дека според нивните „проверени информации“ во престрелките загинале околу 200 милитанти, биле уништени или оштетени четири тенкови и друга воена опрема.

XS
SM
MD
LG